Благодарение на искрениот социјален дијалог што се води во рамки на Владата на Република Македонија, конечно започна решавањето на една долготрајна неправда.
Луѓето кои со години работеа по договор на дело – заборавени, игнорирани и без никаква сигурност – денес конечно добиваат признание и стабилност!
Оваа Влада, предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и министерот за здравство проф. д-р Азир Алиу, покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.
Се работи системски, организирано и со јасна цел – трансформација на договорите на дело во работни места со НЕОПРЕДЕЛЕНО времетраење.
– Многу вработени веќе добија сигурно работно место.
– И уште многу други се во процес и ќе го добијат тоа што го заслужуваат.
Ова е повеќе од административна промена – ова е порака:
– “Вашата работа вреди. Вашиот труд е препознаен.”
Огромна благодарност до:
Премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски
Министерот за здравство проф. д-р Азир Алиу
…и до сите кои се вклучени во оваа праведна мисија.
Овие луѓе не се само вработени – тие се СТОЛБОВИТЕ на нашето здравство, на нашето општество, на нашата иднина.
Независен синдикат на здравство