Од „Несвети, а свети“, архимандрит Тихон Шевкунов
Отец Натанаил, кој толку строго внимаваше на нас, секогаш го прекинуваше секој обид за јавно искажување опозициски став кон државата, особено пред дисиденција.
Отпрвин ни се чинеше дека благајникот едноставно им се додворува на властите, но подоцна ние постепено почнавме да разбираме дека отец Натанаил многу пати наишол на провокатори или маскирани оперативци кои властите ги вметнувале во манастирот, па затоа, дури и да му беше сосема јасно дека се пред него искрени луѓе, отец Натанаил сепак секој пат ќе ја прекинуваше нашата слобода на мислата, која толку многу ја сакавме, и не само затоа што го штитеше манастир, но пред се затоа што нè штитише и нас од нашата неразумност, ароганција и младешка бунтовност измешани со нашата гордост.
Не ги ценеше зборовите, дури ни најхрабрите, а советската влада и се што се случува во земјата, ги познаваше на сосема поинаков начин, за разлика од оние од нас кои знаеја за тоа најчесто усно или од книга. Отец Натанаило имаше правилен и многу личен однос со советската моќ, ако не поради друга причина, тогаш поради неговиот татко, свештеникот Николај Поспелов, кој бил стрелан на триесет и седум години заради верата.
Откако ја поминал целата војна на фронтот како војник, отец Натанаил станал послушник кај игуменот Алипиј и духовно чедо на Печерскиот старец и чудотворец јеросхимонахот Симеон.
И двајцата во него виделе чесен и многу интелигентен човек и во неговите најтешки години, по гонењето на црквата од Хрушчов, тој бил назначен за благајник и секретар на манастирот и му биле доверени најголемите манастирски тајни. Кога станува збор за советската влада, се сетив на уште еден детал.
Една летна ноќ бев на послушание како дежурен на портата на Успенската црква. Ѕвездите нежно трепкаа на северното небо и наоколу владеаја тишина и спокојство. Часовникот на кулата гласно удри три часот. Одеднаш почувствував дека некој стои веднаш зад мене, па јас се сврте од страв. Тоа беше отец Натанаил. Го гледаше небото со ѕвезди, а потоа замислено ме праша:
– Ѓорѓи, што мислиш за главниот принцип на комунизмот?
Псков-Печерски манастир. Порта на црквата Успение. 1983 година. Три часот навечер. Ѕвездите… Не чекајќи одговор, отец Натанаил замислено продолжи:
– Главниот принцип на комунизмот е „од секој според способноста, на секој според потребата“. Но, способностите и потребите секогаш ќе ги одредува некаква комисија. И која комисија? Најверојатно „тројка“. Да речеме, ми се јавуваат и ми велат: „Натаниел, какви се твоите способности? Можете да сечете по дваесет кубни метри шума дневно! И кои се вашите потреби? Чорба грав! Еве го главниот принцип…“
Иако отец Натанаило упорно истакнуваше дека само е педантен официјален и обичен бирократ, дури и ние сме искушениците, со тек на времето почнавме да чувствуваме дека тој многу добро ги крие своите духовни дарби, како што, на крајот на краиштата, правеле сите вистински монаси. Татко Натанаило официјално не беше духовник. Кај него на исповед доаѓаа неколку локални печерски жители и уште неколку од далеку. За останатите не прифаќал да им биде духовен отец, велејќи дека нема способност да го стори тоа.
Но, еднаш, за момент откри скриен агол од својата душа, иако веднаш потоа брзо се сокри зад вообичаеното штедење и префрлување.
Еднаш направив нешто погрешно додека бев на послушништво. Ми се чини дека невешто ја завршив работата што ми беше доверена. Затоа, лично игуменот ми нареди три дена да го чистам снегот на плоштадот Успение. Бев многу навреден, а освен тоа снегот постојано паѓаше така што на третиот ден не само што бев уморен, туку и едвај ги влечев нозете.
Се сожалував самиот себе, а истовремено бев толку лут на целиот свет што дури и почнав сериозно да смислувам план за одмазда.
Но, како некој на мојата позиција може да му се одмазди на игуменот кога нашата положба е неспоредлива? Но, и покрај тоа, додека ја кревав снежната лопата со последните сили, во срцето и умот ја создаодв следната слика: Кога игуменот ќе оди на ручек во манастирската трпезарија, ќе помине покрај мене и тогаш веројатно остро ќе ме праша: „Како си Георгије?“
Јас тогаш ќе му одговорам весело и безгрижно како да ги немаше тие три дена затвор: „Добро е, што не може да биде подобро, Отец Игумен! Благодарение на Вашите свети молитви!“
Па, тогаш ќе сфати дека не сум јас некој кој може толку лесно да се скрши!
Сликата на таа страшна одмазда толку многу ми го стопли срцето што расположението значително ми се подобри, иако снегот не престана да паѓа. Кога отец Натанаил минуваше покрај мене, дури и се насмеав. Пријдов за благослов. Ми се насмевна на пријателски начин и ме благослови со крстниот знак. Се наведнав да му ја бакнам раката и тогаш одеднаш го слушнав како строго ми зборува:
– Значи: „Добро е што не може да биде подобро, Оче Игумене! Благодарение на Вашите свети молитви!“
Како што бев наведнат да му ја бакнам раката, така и останав свиткан, како да имам ишијас. Кога најпосле решив да се исправам, го видов старецот како зајадливо ме гледа.
Но, кога го забележа мојот страв, љубезно ми рече:
– Внимавај, Георгије, безобразлукот никогаш никому не донел добро!
Потоа ја закачи својата торба со милионот на рамо, а можеби и со суварките и со чкрипењето на чевлите на снегот, тргна кон манастирскиот конак. А јас збунет гледав како при секој чекор удира скинатиот ѓон од чевлите на отец Натанаил. Вистински Пљушкин, само што е свет!
И како што рече еден почитуван петроградски протоереј: „Една година во Псков-
Печерскиот манастир е исто како педесет години духовни академии“.
Другата работа е како ги совладаме тие лекции…
Но, тоа е друго и, признавам, многу болно прашање.“