Нежно галење бебиња намалува активности во нивниот мозок поврзани со искуство на болка, покажува британско истражување.
Во рамки на анализи на Универзитетот Оксфорд и Џон Мурс од Ливерпул, следена е мозочна активност кај 32 бебиња додека им била вадена крв.
Половината од нив претходно биле погалувани со нежна четка и покажале 40 отсто помалку мозочна активност поврзана со болка.
Истражувањето покажало дека најдобри резултати во намалување болка се постигнуваат со галење со брзина од 3 сантиметри во секунда.Таа брзина активира сетилни неврони во кожата за кои порано е утврдено дека намалуваат болка кај возрасни луѓе.
Авторката на истражувањето, Ребека Слејтер вели дека „допирот има аналгетски потенцијал без ризик од нуспојави“.