Нигериските компании за дистрибуција на електрична енергија денеска известија за „тотален колапс на системот“, предизвикувајќи прекини на струја во најголемата африканска економија.
Производството на електрична енергија падна на нула во раните утрински часови и се искачи на 273 мегавати до 10 часот, што е сè уште далеку под дневниот просек од 4.100 мегавати, според податоците на компанијата за дистрибуција на електрична енергија на Нигерија (TCN).
Снабдувањето со електрична енергија на мрежата е непредвидливо во Нигерија, главен производител на нафта и гас, што ги принудува домаќинствата и бизнисите да користат генератори на дизел и нафта.
Мрежата падна најмалку четири пати во 2022 година, за што властите се оправдаа со технички проблеми.
Нигерија има 12.500 мегавати инсталирана моќност, но генерира околу една четвртина од тоа.
Претседателот Бола Тинубу вети дека ќе го подобри снабдувањето со тоа што ќе им дозволи на другите државни влади да градат свои електрани во обид да го поттикнат слабиот економски раст.