Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач во пресрет на натпреварот со Херта од 6. круг Бундеслигата, рече дека противникот е многу квалитетен и технички добро подготвен.
Според еден хрватскиот фудбалски стручњак, Баерн ќе мора да даде максимум за да додје до бодовите.
– Во однос на играта, тие покажаа дека се многу добри. Навистина ми се допадна како тие дејствуваа. Подготвени се на технички план. Одлично работат со топката, дисциплинирани се и на домашен терен се обидуваат секого да победат. Затоа, ние се соочуваме со вистински предизвик. Мораме повторно да дадеме сто проценти, рече Ковач.
Натпреварот Херта – Баерн Минхен ќе се одигра вечер од 20:30 часот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин.