Тренерот на Монако, Нико Ковач има коронавирус, а хрватскиот стручњак е само уште еден во низата позитиви на Ковид-19 во францускиот фудбал.
Според „Л’Екип“, покрај Ковач, со новиот вирус бил заразен и голманот Бенџамин Лекомт.
Реномираниот француски весник додава дека Ковач нема симптоми, но дека ќе мора да биде во изолација 14 дена.
Покрај двајцата „принцови“, короната претходно влезе и во Марсеј и во ПСЖ, кој има шест играчи позитивни на Ковид-19.
Меѓу нив се Нејмар, Анхел ди Марија и Мауро Икарди.
И покрај сите случаи, француската Лига 1 продолжува да се игра.