Холивудскиот актер Џони Деп во моментов е во Белград, каде што се снима филмот „Минамата”, во кој игра главна улога, фоторепортер Вилијам Џудин Смит.
Интересот за овој филм е огромен, можеби затоа што Деп е сосема непрепознатлив. Актерот е задоволен како оди снимањето, исто како и целиот тим кој работи на овој проект.
Деп се соживеа со улогата на познатиот фотограф, кој направи фотографии кои сведочат за загадувањето во Втората светска војна, кога беше оштетено здравјето на жителите на градот Минамата.
Инаку, Џони Деп е сместен во хотел во Белград, каде што го донесе целиот свој персонал.