За првпат во Франција поранешен претседател ќе биде изведен пред суд за корупција, во дело против Никола Саркози за афера откриена со телефонско прислушкување.

Судскиот процес за корупција и злоупотреба на службена должност ќе се одржи од 5 до 22 октомври, соопшти суд во Париз.

Саркози беше претсетел на Франција од 2007 до 2012 година. Осомничен е дека во почетокот на 2014 година се обидел да добие со посредство на својот адвокат Тиери Ерзог тајна инфомација од поранешен судија Жилбер Азибер во замена за помош за добивање функција во Монако.

Во јуни судот ги одби жалбите на Саркози, Ерзог и Азибер. Во следните месеци на Саркози ќе му се суди и за незаконско финансирање на предизборна кампања во 2012 година. Датумите за тоа дело не се се уште објавени.