САД префрлаат војници во Порторико и во Колумбија и подготвуваат инвазија врз Венецуела. Тоа го тврди рускиот секретар на Советот за безбедност Николај Патрушев.
– Со сарказам и ароганција кон венецуелскиот народ, САД подготвуваат воена инвазија врз независна држава. Префрлањето специјалци во Порторико и во Колумбија како и други факти, укажуваат дека Пентагон засилува присуство на трупи во регионот за да ги ангажира во соборување од власт на претседателот Николас Мадуро, изјави Патрушев за весникот Аргумени и факти.
Тој додава дека тешката хуманитарна истуација во Венецуела, за која зборуваат САД, е предизвикана со американските санкции и ембарго кон таа јужноамериканска држава. Според него, САД и предложиле на Русија одржување одвоени консултации за Венецуела, но самите со измислени одговори ги одбегнуваат.