Двајцата соговорници, како што соопшти Министерство за транспорт, констатирале дека билатералната соработка е на добро ниво, потенцирајќи ја можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји.

На средбата вицепремиерот Николоски истакнал дека Владата има амбициозна програма во делот на инфраструктурата, исто така во туризмот и авиосообраќајот.

„Во таа насока, Македонија води одлични политики во делот на ависообраќајот и ја потенцира можност за воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Катар (Скопје и Доха)“, посочил Николоски.

На средбата се разговарало и за зголемување на соработката во транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и повикал на сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.

„Соработката меѓу Македонија и Катар е многу важна за развој на економијата, туризмот и секако за поврзување на граѓаните од двете земји. За нас е посебно значајно да се воспостави директна линија меѓу двете земји, пред сè поради одржување на бизнис-релациите. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека постои голема можност оваа соработка да се зголеми преку размена на искуства, нови инвестиции итн“, нагласил Николоски.