„Огромна АФЕРА со ВАКЦИНИ и обид да се земе ПРОВИЗИИ за истите. Афера од која паѓа и ќе падне Влада.

Што прави Заев? Повикува пријател. Се јавува кај Каракачанов да смислат нешто за ДЕФОКУС. Ама ОЧАЈНИ се не поминува.

Јас друго државјанство освен МАКЕДОНСКО немам! Ама Заеви фирми во Бугарија ИМААТ!

Ние се спротиставуваме на распродажбата на македонскиот јазик и историја, Заев не! Тоа е разликата!

А за Каракачанов освен очај нема друг збор… Дали КРАЈОТ вака мириса…“.

Ова е реакцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ за тврдењето на Карачанов дека има бугарски пасош. Слично реагираа и најголем дел од споменатите од Карачанов, како Стефан Андоновски и другите.

Така, на пример, Андоновски истакнува:

Ниту некогаш сум имал, ниту планирам да имам бугарско или какво било друго државјанство освен македонското. Најверојатно на бугарските политичари им пречи што се обидувам да ги бранам македонските национални интереси од наездата на шовинизам, па на секој начин се обидуваат да мe дискредитираат. Евтин трик!
“h3fqq6jp hcukyx3x oygrvhab cxmmr5t8 kvgmc6g5 j83agx80 bp9cbjyn”>