Изгласан е Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој Договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес во Собранието е изгласан Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Овој договор е од ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ за Македонија и развојот на државата.
Со овој договор се потврдува партнерството помеѓу двете држави!
Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија многу подобро место за живеење“!- напиша вицепремиерот Николоски.