Очигледно освен да грабаат државен имот овие од СДСМ друго и не знаат. На локалниве избори се случи и нешто друго. Децата на оние кои настрадаа од транзицијата ги победијата децата на транзициските богаташи особено во Скопје, слично беше и во Битола. Сега народот ги поддржа децата кои настрадаа. Тоа е големо мнозинство, тоа се над 300 илјади луѓе. И сега од она што остана неукрадено, останати се малку и тука е познатата Славија која се обидуваат да ја раскрчмат и да ја продадт на близок и се шпелулира со имиња на лица од еден град од Источна Македонија, да не речам Струмица, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Тој посочи дека станува збор за брутална пљачка или 51 евро за акција или вкупно за 218 илјади евра се продава цела фирма.

-И ова е во услови кога фирмата има значаен капитал, има управна зграда која ако земеме по 500 евра метар квадратен чини 7,5 милиони евра или само управната со магацините 13,5 милиони по пазарна цена. Тоа е вообичаено за нив, владата пред заминување на СДСМ сака да разграби имот. Но, да најавам ревизија и мој совет до Владата е да ја поништи продажбата да се зачува дrжавниот имот, а до Агенцијата за конфискување имот да го сопре ова затоа што ќе одговараат кривично, рече Николоски.

Николоски укажа дека Славија практично се продава колку за два стана.

-Од кирија Славија според проценките приходува некаде 52 милиони денари или 800 и кусур илјади евра, тој што ќе ја купи ќе ќари од 600 илјaди евра плус има 30 вработени кои ќе останат на улица и има 2000 поранешни вработени кои до крај не можат да го земат платите, вели Николоски.

Затоа, заклучи тој, мој совет е да се поништи продажбата на Славија.

Што се однесува до евроинтеграциите, тој истакна дека постојат предизвици за кои што е потребно да се говори и за кои што државата треба да добива јасни одговори од партнерите не само од Брисел туку и од поголемите главни градови од ЕУ.

„Доколку овој процес е замрзнат и е ваков каков што е се поставуваат најмалку две прашања, првото прашање е дали има јасна визија и стратегија за Македонија и за регионот, и второто прашање е кој е планот. Во континуитет и Македонија и регионот се соочуваат со криза, прво беше здравствената криза која што се уште трае. Во моментов веќе има енергетска криза за компаниите, а за граѓаните ќе започнат да чувствуваат следната година. На тоа неминовно ќе се надоврзе и сериозна економска криза, не само проследена со повисоки стапки на инфлација од она што се проектира за Буџетот следната година и што било проекција на инфлација за државата година наназад, туку и генерално низ намалена економска активност“, рече Николоски.

Николоски посочи дека ги наброја предизвиците со кои што Македонија се соочува и кои што делумно се производ на неуспешните политики на Владата но делумно се и регионални и глобални феномени за кои што до денеска не се добиваат одговори, ниту пак насоки, патокази каде државата може да се движи.

„Јас сум сериозно загрижен и го зборував тоа на претходната седница на Националниот совет дека енергетската криза ќе биде искористена за одредени други геополитички игри тука во регионот“, појасни Николоски.

Николоски укажа дека ако се соочи државата со ситуација да во соседството цената на електричната енергија остане по иста цена и да е со најниска цена во Европа заедно со Украина, а во Македонија да се плаќа највисока цена на електричната енергија, ако се соочи државата со ситуација Скопје да има проблем со парното во смисла или да поскапи три пати или да го нема, а во одредени други соседни градови тоа да го немаат тоа ќе отвори сериозни предизвици внатре во државата, но и во регионот.

„Како што мислам дека недостасува еден впечаток во јавноста, можеби реалноста е поинаква, но впечатокот е таков, а тоа е дека не постои посериозен притисок врз Бугарија. Постои декларативен притисок, постои притисок кој што е на зборови и тоа го гледаме сите, но сериозен политички притисок врз Бугарија не гледаме во изминативе три, три ипол години колку што е проблемот. А, сите сме свесни доколку има волја тоа може да се направи“, појасни Николоски.

Николоски запраша дали ќе има решение со Бугарија, ако нема притисок врз истата држава. И недостасува здрава дебата помеѓу општествената елита за регионот.