Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја изгуби својата енергетска независност.
„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, рече тој.
„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ. бројни држави на пример воопшто не ја продаваат дистрибуцијата“, појасни Николоски.
Тој посочи дека вториот проблем е што на власта полна и е устата со ЕУ, НАТО и Америка, но 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина. Може тоа и да се воочи и во бордот на директори, каде што тројца се од Кина.
„Значи овие нашиве големи прозападни европејци, натовци итн. кога им е за бизнис стануваат Кинези и Руси“, појасни тој.
Николоски нагласи дека секогаш доаѓа со докази и документи. И се што говори е точно.