Интегрален текст од видео обраќање на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
„Почитувани граѓани на Македонија,
Државата е пред најголемиот предизвик од своето постоење. Криза од досега невидени размери е пред нас.
Македонија е пред нов предизвик. Здравствен и економски.
Да покажеме свесност, совесност и одговорност.
Да покажеме дека можеме заеднички, да бидеме совесни, доблесни, одговорни и посветени.
Македонија тоа го знае и досега покажала дека може, сега мора да покаже почитување кон себе.
Македонија бара брза реакција од секого, а најмногу од најодговорните. Потребни се итни економски мерки за спас на економијата, итни здравствени и санитарни мерки за заштита на здравјето на граѓаните како и почитување на светските здравствени мерки и препораки.
Македонија има потреба од одговорно и совесно однесување од сите нас, од сите нас граѓаните на Македонија.
Затоа што секој живот вреди!
Заштитувајќи го своето здравје го штитите и здравјето на саканите, на семејството, но и на оние до вас.
Јас знам дека Македонија може и мора да победи.
Следете ги препораките, заштитете се.
Затоа што секој живот вреди“!
Интегрален текст од видео обраќање на д-р. Сашко Кедев
„Од медицината научив дека најважно за здравјето на човекот е дисциплината, а од животот дека животот е време. Меѓутоа животот не е само тоа што го живееме туку како го живееме и што ќе запаметиме.
Во ова време на големи предизвици, во време на соочување со пандемија на заразна болест сите помагаме на општеството со личен пример, со личното однесување и постапување.
Мојот апел е да се однесуваме одговорно, свесно и совесно, да ги следиме препораките на стручните авторитети, и да запаметиме дека секој е господар на својот живот и сопственото здравје.
Докторите се за да помагаат за здравјето на сите нас, на нашите најблиски и на сите граѓани, меѓутоа сега е моментот кога сите ние треба со своето однесување и личен пример да помогнеме исто така на докторите.
Сето ова ќе помине нема потреба од страв, меѓутоа има потреба од одговорност.
Затоа што секој живот вреди“!