Денес во рамки на работната посета на Вашингтон, Александар Николоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на конференција на Атлантскиот совет на тема Иницијатива на трите мориња (Three seas initiative). Иницијативата на трите мориња е платформа поддржана директно од претседателот на САД Доналд Трамп. Иницијативата има за цел да ја зголеми соработката и дијалогот помеѓу државите на различни нивоа и области.
Потпретседателот Николоски се обрати на советот и ја потенцира важноста на американската стратешка одлука за иницијативата за три мориња која ги опфаќа државите Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Македонија, Бугарија, Грција, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и балтичките земји. Целта е заедничка на сите држави, а тоа е силна стратешка ориентација кон евроатлантската интеграција на регионот
Николоски подвлече дека блиска економска соработка на овие земји со силна поддршка од САД и претседателот Доналд Трамп е клучна. Само преку тесна соработка земјите од регионот ќе може да се развиваат и да станат членки на ЕУ. Покрај тоа Николоски истакна дека земјите соработуваат во рамки на НАТО. Иднината е низ соработка, разбирање и развој на економијата.