Навистина ми е драго што еве денеска сме тука во Добрушево во Општина Могила. Навистина еден прекрасен објект, морам да кажам ретко каде во државава може да се види ваков мултифункционален објект каде што неколку генерации ќе можат да го поминуваат времето. Тука има простории за најмладите кои ќе можат да поминуваат дневен престој, но исто така има простории и за пензионерите, тука го гледам паркот и ова прекрасно партерно уредување кое се работи во моментов. Така што навистина еден центар кој морам да признаам и нема да е нескромно и поголеми општини дури и скопски општини не можат да си го дозволат и да го замислат така што градоначалник честитки уште еднаш прво за замислата, па после тоа и реализацијата на овој проект, изјава денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Така што овие проекти покажуваат дека може да се менуваат работите, ние од тука ќе одиме и во Ношпал и во Општина Новаци подоцна да посетиме и таму работи кои се работат.
Градоначалниците кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со скромните средства што ги имаат можат да се менуваат работите. Нашата идеја е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија итн., формулата е многу едноставна, број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните“, вели Николоски.
Тој потенцира дека тоа сметам дека е вонредно значајно затоа што досега никој не внимаваше на децентрализацијата, па вака сите политичари сме ја споменувале, но на крајот на денот децентрализација е финансии или ќе ги имате или ги немате и мислам дека со ова што го предвидуваме многу ќе се забрза локалниот развој. Се им е битно жителите, но најбитно им е во местото каде живеат да имаат уреден простор.