По усвојување на Резолуцијата во Собранието, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил, објави дека Македонија конечно има државен документ со кој се определуваат границите за преговори за добрососедство со Бугарија и се спречува преговарачкиот тим на премиерот Зоран Заев да преговара за идентитетот, јазикот и националните обележја на Македонците и Македонија.
“Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија!
Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува.
Да живее Македонија!“