Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави дека вечерва премиерот Ковачевски го призна тоа што тој го објавил пред два дена, а денес и со документи, а тоа се сознанијата поврзани со спорниот договор за автопатите.
– Ангажман на дури 70% странски работници и само 30% домашни во изградбата
– Работа на странци без работни дозволи и дозволи за престој
Да потсетам до пред некој ден тврдеше дека 51% од работниците ќе се домашни (види слика 1) , за денес соочен со документи да ретерира и признае дека 70% од работниците ќе се странци, а со тоа и парите на македонските граѓани ќе одат надвор.
Денес Ковачевски ја демантира својата партија СДСМ која тврдеше дека лажам. Ама јас не лажам зашто секогаш зборувам со документи (види слика 2) и факти.
На лагата и се кратки нозете. А на Ковачевски и Груби им е очевидна злоупотребата за која ќе има одговорност, напиша Николоски на Фејсбук.