Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во гостување во емисија на Клик Плус, потенцира дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

-Моите информации се дека и оваа година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори, односно во јуни нема да имаме почеток на преговори, изјави Николоски.

Тој рече дека две негови прогнози ѓ, едната во април а другата во ноември минатата година, се оствариле, и додава дека не е среќен што тоа е така. Николовски вели дека тој и цело ВМРО-ДПМНЕ сакаат Македонија да напредува, а се напредува преку членство во ЕУ.

-Ексклузивно за вашата емисија ќе направам трета прогноза, а тоа е дека Македонија нема да отпочне преговори, ниту во јуни, ниту во јули, ниту во октомври, ниту до крајот на оваа година, рече Николоски.