Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во oтвореното студио со Искра Коровешовска уште еднаш го потврди цврстиот став на опозицијата, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е против како што вели капитулантскиот договор за промена на името.
– ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој договор, ВМРО-ДПМНЕ го смета овој договор за непостоечки за ништовен и смета дека неговата содржина е исклучителна штетна по интересите и на Република Македонија како држава и на македонскиот народ како мнозински народ во македонската држава и затоа смета дека ова е едно капитулантско дело кое што за жал беше потпишано од Заев и Димитров, истакна Николоски.
Според него огромно мнозинство на Македонци е против договорот, кое се разви во силно движење за не излегување на референдумот. Причината за тоа е како што вели стравот на граѓаните дека можат да бидат надгласани од останатите делови од народи кои што живеат во Република Македонија кои ќе одлучат за националниот идентитет за Македонците.
Николоски го спомена и стравот на граѓаните дека референдумот може да биде наместен, имајќи предвид претходни искуства во Република Македонија на како што вели баш чесни изборни процеси, секогаш кога СДСМ биле на власт.
-Овој договор се однесува на Република Македонија, но и на сите кои живеат во Република Македонија. Но пред се се однесува на Македонците како мнозински народ во Македонија и како народ кој што единствено овдека има своја држава и нема резервна држава. Овој договор ги допира најсензитивните лични идентитетски прашања на Македонците. Чесно е за овој договор да се изјаснат сите, но пред се за овој договор треба да се изјаснат и став да имаат Македонците, бидејќи се однесува на нив. И сега да бидеме искрени, отприлика работата изгледа вака. Има многу малце од Македонците кои што се за, од свои причини, веројатно веруваат на овие ветувања од власта за членство во НАТО и ЕУ и сите оние билборди кои што ги гледаме по државата, кои што е смешно да се коментираат, посочи Николоски и додаде:
„Има едно сериозно огоромно мнозинство кое што е против договорот. И сега се разви едно силно движење за неизлегување на референдумот и се поставува логичното прашање зошто е тоа така. Зошто оние кои што се против се решаваат да не излезат на референдумот. Тоа не е така зошто некој во ВМРО-ДПМНЕ мисли така или некоја друга политичка партија мисли така или некој поединец мисли така. Тоа е така зошто дел од граѓаните сметаат дека можат да бидат надгласани на начин што, со цела почит на останатите делови од народи кои што живеат во Република Македонија ќе одлучат за националниот идентитет за Македонците. И второ се плашат дека референдумот може да биде наместен, имајќи предвид претходни искуства во Република Македонија на не баш чесни изборни процеси, секогаш кога СДСМ биле на власт. И овие два страва стојат, особено помеѓу Македонците и мора да бидат испочитувани.“
Николоски порача дека тој како и неговите сопартијци и натаму ќе им ги презентираат штетните страни на договорот од Преспа, а граѓаните како резултат на тоа ќе знаат што да прават на 30-ти септември. За крај тој нагласи дека има голем број на политичари кои ги убедуваат граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот единствено поради свои лични бенефити и напредок во своите политички кариери.