Николоски на конференција во Брисел во организација на „Friends of Europe“

/ 12.03.2023

Во Брисел на конференцијата во организација на Friends of Europe како дел од највлијателните 40 под 40 години, имав можност да разговарам со политичари од цела Европа, бројни претприемачи, општествени активисти, новинари и голем број други влијателни граѓански активисти од Европа. Имавме можност да размениме погледи за политичката ситуација и правецот во кој се движи Европа и бројните предизвици со кои се соочува регионот.

Зборував за потенцијалот на Македонија, можните инвестиции и насоката во која ќе се движи Македонија после промената на власта. Во Македонија може да се подобри животот и промените ќе ги донесеме заедно, објави на својата Фејсбук страница потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.


Од истата категорија