Ние не комуницираме со Заев, ние го пензиониравме него на локалните избори. Ние политилчки го пензиониравме, Заев даде оставка по поразот на локалните избори, а тој беше резултат на ова раководство кое е сега на ВМРО-ДПМНЕ рече потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата 360 Степени кооја се емитува на јавниот радиодифузен сервис МТВ а говорејќи за обвинувања за соработна на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ
Николоски укажа дека по изборите кога ќе се смени власта ќе биде се испита работата на Заев.
„По промената на власта детално ќе ја испитаме неговата работа по промена на власта и доколку има одговорност ќе одговара“, кажа Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека нападите од партијата сега се кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ.
„Додека беше претсеадтел на партијата и на Владата логично ударот да е кон него, кон Заев, а сега е кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, двајцата како двоец“, заклучи Николосоки.