-НА ПОНИЖУВАЊАТА ИМ НЕМА КРАЈ ❗
Еди Рама државата ни ја нарекува ,,идна западна Бугарија” , а премиерот Ковачевски се смее слатко! Тоа што го кажува Рама значи дека Македонија ќе биде окупирана од Бугарија и ќе стане ,, западна Бугарија” . И на тоа првиот човек на Македонија која се понижува пред негови очи и уши од Еди Рама слатко се смее! Се смее! Какво понижување, какво газење на се што е Македонија! ОСТАВКА ВЕДНАШ!
И ве повикувам сите за една недела од денес да ни се приклучите на ГОЛЕМИОТ СЕНАРОДЕН МИТИНГ за рушење на оваа ненародна Влада која ја понижува МАКЕДОНИЈА!
18ти ЈУНИ СИТЕ ПРЕД ВЛАДА! ОСТАВКА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!, пишува на својот фејсбук профил потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
Реагираше и самата опозициона партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија.
-Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија. Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски, стои во партиското соопштение.
Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини.