-Нешто со што недоволно се занимава јавноста е финансирањето на бугарските клубови со што би сакал да ги повикам надлежните институции во Македонија, пред се мислам на Агенцијата за разузнување, на Агенцијата за национална безбедност и на финансиското разузнување, тоа е нивна работа да испитаат кој хара по Македонија и кој финансира отварање на овие бугарски клубови во Македонија?, запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“.
Николоски во своето гостување посочи дека бугарските клубови во Македонија се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници и е добро познат на нашите служби.
-Тие клубови не се финансирани со домашни средства, не се финансирани од основачите на тие клубови, ниту се финансирани директно од бугарската држава преку програма за поддршка на националните малцинства, туку се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници, добро познат претпоставувам на нашите служби. Треба малку да си поводат сметка што и како прави и како е возможно да доаѓа во Охрид на отварање на клубот „Цар Борис“ како што го нарекоа и како е возможно да овие клубови се финансираат, тоа е директно мешање на внатрешни работи на суверена држава. И наместо да се занимаваат овие институции со ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се занимаваат со тоа како да не прислушуваат мене и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и физички да не следат и да измислуваат би рекол глупости за нас кои ги пласираат преку портали и новинари, да се малку повеќе позанимаваат со тоа што им е опис и попис на работни задачи, а тоа е заштита на државниот и уставниот поредок во Македонија, додаде Николоски.
Во врска со извештајот на ЕК за Македонија, тој истакна:
Сметам дека Извештајот е реален, избалансиран има сектори кои што се подобро оценети, но и сектори кои што се полошо оценети. И она што е за мене исклучетно значајно, и за што зборувам и во јавноста е во делот на борбата со организиран криминал и корупција. Мислам дека отворено и искрено Европската комисија зборува дека тука нема напредок. Практично зборуваат дека препораките кои што ги давале во минатите извештаи не се воопшто реализирани и дека тука треба да се направи повеќе. Ова беше клучна причина зошто неколку земји членки на ЕУ минатите години работеа таканаречени паралелни извештаи кои што се разликуваа од официјалниот извештај на Европската комисија.
Николоски, потенцираше дека Европската Унија констатира широко распространета корупција и нефункционален систем на владеење на правото во Македонија, односно како што рече тој дури и во презентацијата на комесарот за проширување Вархеји, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент било потенцирано дека недостасува сериозен и системски ангажман во борбата со организираниот криминал и корупција.
Имаше политичка причина зошто Европската комисија го правеше тоа така, сакаа да создадат услови за да може да се одржи препораката за почеток на преговорите и еве годинава откако мислат дека таква препорака се реализирала, иако факт е дека не се реализира, затоа што услов за да се реализира е промена на уставот. Но, да се вратам на основната тема, оваа година веќе одат со пореална проценка во тој дел, за разлика од претходните години каде што сликата малку по розово се претставуваше, а неколку земји членки, значи сериозни земји членки работеа паралелни извештаи кои што онолку колку што можев да ги прочитам се на линија на овогодинешниот извештај на ЕК, а тоа е дека недоволно се прави во овој дел. Дури и ако внимателно се следеше презентацијата на комесарот за проширување Вархеј во рамки на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше јасно потенцирана оваа линија дека недостасува посериозен ангажман и системски ангажман во борбата со организираниот криминал и корупција, дециден е Николоски.