Македонија пропаѓа затоа што двоецот Ковачевски Ахмети наместо да нуди решенија неуспешно се занимава со спинови и подметнувања. Носат национални предавства пробуваат да ги покријат со невешт ПР. Не оди тоа! А, секогаш вистината е најлесна!, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Им понудивме национално обединување на Македонците- го одбија! Станаа класични измеќари на ДУИ и Ахмети!
Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши “спин доктори”!
Прифаќање на Бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси и наместо да се приклучат одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!, истакнува Николоски.