Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денес беше во посета на Железница-Транспорт. Денеска од Скопје кон Куманово ќе тргне првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града.
Министерот најави дел од плановите за иднина.
-Наша заедничка амбиција е во следниот период овие јас ги нарекувам градски возови бидејќи се работи за дистанци кои не се големи, да пуштиме градски возови до Тетово и до Гостивар. Секако амбиција е да се врати целата линија до Кичево, а понатаму до Штип и до Кочани. Тоа е следната амбиција за која се надевам за брзо ќе ве поканиме тука, истакна Николоски.