Би сакал да го поддржам извештајот и мислам дека доаѓа во многу важно време, посебно кога зборуваме за воведување на Систем за Информации на Шенген и можностите за злоупотреба на истиот. Доаѓајќи од држава која беше предмет на визи до 2008 година, т.е. ни требаа визи за да влеземе во Шенген зоната и знам како беше да се чека со часови пред амабасада за да се добие виза за да може да дојдете на пример тука, или на политички состанок или ако сакате да отидете на одмор. И тогаш во 2008 година успеавме да ги исполниме критериумите за визна либерализација што им овозможи на граѓаните да патуваат, да отидат во странство, да ги користат можностите да запознаат други луѓе, други култури и така натака. И сега со имплементацијата на Системот за информации на Шенген, се плашам дека низ мала врата некои од државите од Шенген зоната пробуваат да воведат визи повторно. Посебно како политичка алатка, како што е напишано и во извештајот и поради тоа го поддржувам Членот 6 каде што Собранието ги повикува земјите членки на Шенген зоната да направат одредени работи кои што се наведени тука, но, исто така, мислам дека овој систем треба повторно да се преиспита во Шенген зоната бидејќи може да чини долготрајни политички последици за Европската унија. Кредибилитетот на Европската унија е ослабен, надвор од Европската Унија поради повеќе причини. Започнувајќи со геополитички причини. Имаме војна што се случува на Европскиот континент и има огромна пропаганда против Европската унија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Понатака, трети држави кои се фактори, како што е Кина на пример, и да се додаде , ако има дополнителни рестрикции за државите кои што не се членки на Шенген Зоната и повеќето од нив не се членки на ЕУ, но се земји кандидати, тогаш тоа е голем политички ризик за Европската Унија.
Ова утро во ова Собрание, ние дискутиравме за поддршка на Европската перспектива на Западен Балкан. Имплементирање на овој Шенген информациски систем, мислам дека е оди против идејата за поддршка на Европската перспектива на Западен Балкан на пример. Има многу закани и предизвици и поради тоа извештајот доаѓа во многу, многу важно време и се надевам дека ќе биде внимателно проучен од Комитетот на министри на Советот на Европа, но исто така ќе биде внимателно проучен од земјите членки на Шенген Зоната, додаде Николоски.