Енергијата е одлична, а победата се најавува од сите страни на Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Александар Николоски од митингот во Ново Село,
– Вчерашниот собир во Охрид ја покажа енергијата на ВМРО-ДПМНЕ и потребата за промени во цела Македонија. Вчера ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има енергија да ја менува Македонија. Беа испратени клучни и крупни пораки кои веќе денес го покажуваат вистинското лице на многу играчи и на многумина кои се позиционирани на политичката сцена. Денес СДСМ имаат собир во Охрид, го прават во еден хотел со сала во средна големина, не ја одбраа ни најголемата. Ние на градскиот Кеј со 25.000 луѓе, а тие денеска во сала за свадби со 250 луѓе – тоа е разликата – потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски се осврна на пораките кои беа испратени.
– Испративме порака дека во СДСМ се спремни да дадат 70% од власта на албанските политички партии само за да формираат влада. Поминаа 24 часа од нашиот митинг и СДСМ тоа не го демантира, што само говори дека тоа е вистина. Тоа е првата работа што вчера излезе на виделина.
Ние упативме и порака за македонско национално обединување, имајќи предвид дека во Македониј,а Македонците се околу 65%, невозможно е да градиме здрави национални политики без национално обединување и без консензус за клучните национални прашања поврзани со Македонија и Македонците – истакна Николовски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека со СДСМ „консензус не е можен“, затоа што, како што рече „нив ги интересира само криминал и корупција“, но смета дека е можен консензус со политичките партии кои во моментов се во опозиција.
– Денеска стигнаа одговорите- политичката партија ЗНАМ генерално рекоа дека се согласуваат, а неуспешниот професор мислеше и после еден ден вели не прифаќаме, со што само докажа дека е слуга на СДСМ и ДУИ. Затоа да нема дилеми- глас за Левица е глас за Али Ахмети, СДСМ и ДУИ – истакна Николоски.