Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска при посетата во Битола истакна дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе локалната власт во општината веднаш ќе се зафати со работа, а пред се најважно на носење на нови инвестиции и работни места.
Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен тим и кандидат за градоначалник во Битола позади кои стојат бројни експерти и кои уште од почеток ќе започнат да реализираат 10 крупни проекти за Битола.
-Прво и најважно, нови инвестиции и работни места. Четири години во Битола камен не е ставен, инвеститори не доаѓаат, а најголемиот инвеститор планира да замине затоа што нема соработка со Владата. Ние планираме нови инвестиции, а постојните да ги задржиме и да им дадеме добри услови за работа. Ние не планираме да го затвораме РЕК Битола, како што планира Зоран Заев кој јавно кажа дека до 2027 година ќе го затвори РЕК Битола, Ние не планираме директно или индиректно 5-7.000 луѓе да останат без работа, туку нови луѓе да се вработуваат, изјави Николоски.
Тој додаде дека Битола конечно ќе ја добие гасификацијата која беше запрена овие 4 години, исто како и проектот за топлификација.
– Понатака изградба и реконструкција на улици, интервенции во улична инфраструктура, кружни токови, гасификација на Битола, нешто што требаше досега да е готово, топлификација на Битола ново Основно училиште, нова зграда за противпожарна заштита, нов мултифункционален спортски комплекс, ревитализација на рекреативен центар Тумбе кафе и нов парк со авантуристички содржини, потенцираше Николоски.