Ние сме прва држава која има таканаречени две меѓувладини конференции, бидејќи согласно правилата на ЕУ започнувате почеток на преговори со меѓувладина конференција, во нашиот случај имаше фотографирање пред неколку дена и кога ќе го промениме Уставот и ќе кажеме дека Бугарите се основачи на нашата држава, на што секако ние се спротивставуваме и нема да го направиме, тогаш ќе почнеме пристапни преговори, тогаш ние може да ги почнеме преговорите, без никаква гаранција дека некогаш ќе ги завршиме, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија
„Зошто го кажувам сето ова? Бидејќи ова создава голема фрустрација, голема поларизација и поделба на луѓето и комплетно ја уништува довербата во Европската Унија и ја руши секоја надеж дека има фер игра што ја става државата и регионот во многу тешка позиција затоа што сега нашите соседи велат штом го правите ова со Македонија зошто ние да правиме нешто друго, тие направија се, се понижија самите и се уште не можат да напредуваат.“, додава тој.