Прва реакција од опозицијата на денешната изјава на ли Ахмети. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001та година како зелена партија од горите и планините на Македонија.
-Неколку работи сакам да кажам. Прво очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите, вели Николоски.
Во однос на она што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата, и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 та година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените, изјави Николоски.
Што се однесува до пуштањето на Рашковски од затворски притвор, Николоски истакна:
-Тоа е потврда за заробеноста на институциите и тоа е потврда на притисокот врз институциите. Имено, откако во јавноста се слушнаа информации дека Драги Рашковски е спремен да “пропее“ за криминалите на Зоран и Вице Заеви, а имајќи предвид дека ги знае сите нив затоа што им е човек од доверба и еден од најблиските соработници, се случија две работи, прво, Зоран Заев изврши јавен притисок врз обвинителството во интервју за неделникот Фокус, во кое што јасно кажа дека не се согласува со одлуката на обвинителството и мисли дека Драги Рашковски е невин, што е скандал сам по себе затоа што премиерот како носител на извршната власт не смее да се меша во законодавната и судската власт, во случајов се меша во судската власт, и втора работа која што се случи како резултат на тој притисок, вчера Драги Рашковски беше ослободен што само говори дека Зоран Заев целосно го има заробено судството и обвинителството и дека во Македонија нема независно судство и обвинителство, туку има притиснато судство и обвинителство кои што еден ден ќе сведочат за притисоците кои што им ги правел Зоран Заев, а тој ќе одговара, нагласи Николоски.