НИКОЛОСКИ ОД ПРИЛЕП: Само економски силна нација може да води големи битки, следи економски бум на Пелагонија

/ 17.06.2020

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во Изборната единица 4, Александар Николоски, денеска во вестите на Алфа телевизија, истакна дека Пелагонискиот регион го очекува еден силен и голем инфраструктурен проект за економско заживување, кое е најголемото ветување од Програмата за обнова на Македонија.

-Најголемото ветување од Програмата за Обнова на Македонија не само за четвртата ИЕ, туку и за цела Македонија е изградба на автопат кој што треба да води од Велес до Прилеп, Битола до грчката граница и на тој начин да се отвори целиот овој регион, вели Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно за економска обнова, како што се намалувањето на даноците и заживување на целиот Пелагониски регион со силен економски инфраструктурен проект.

Тој во својата изјава најави големо економското заживување за целиот регион кој ќе резултира со отворање кон Солунското пристаниште на југ и Драчкото пристаниште на запад, за економско подигнување на Пелагонискиот регион кој учествува со 30 отсто во БДП.

-За мене не помалку важно е да работиме на издигнување на македонската култура, којашто за жал овие три години е газена, а таа е една од основните столбови на македонскиот национален идентитет и тука многу ќе известираме. Исто како и економското обновување на Македонија, затоа што само економски силна нација може да води големи битки, истакна Николоски.

Зборувајќи за културата, Николоски најави дека ќе се инвестира во Народниот театар во Прилеп, исто како што ќе следи едно културно заживување низ цела Македонија.

Тој во пресрет на изборите повика на масовна излезност затоа што тоа е единствениот начин да се казни, како што тој вели најголемиот вирус којшто ја зафати кризата, а тоа е неговиот противкандидат Зоран Заев.


Од истата категорија