Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за изборите и кога би можеле да се одржат.
Тој вели дека е несериозно да се зборува за избори и дека тоа треба да биде тема кога ќе дозволат здравствениот и економскиот предизвик.
-Јас не би сакал да шпекулирам со датуми, нашиот предлог е добро познат на јавноста, беше споделен на лидерската средба и тој е крај на август, почеток на септември, истиот соодветствува и со одредени владини функционери, коишто, нели, кажуваа дека тогаш ќе можат граѓаните повеќе да трошат и ќе е надминат коронавирусот, изјави Николоски.
Тој ја обвини власта за несериозен, односно пр пристап кон справувањето со епидемијата.
-Ние цело време апелираме и дадовме огромен простор како опозиција, веројатно како ретко која опозиција во регионот, па ако сакате и на светско ниво, ние дадовме шанса, ние не снимаме платена политичка програма како што можете да видите во САД со мртви луѓе и да го обвиниме првиот човек на државата дека е виновен. Ние дадовме шанса, но таа шанса се руши како кула од карти затоа што наместо да ја искористат и да го решат проблемот, Македонија во моментов ќе стане изолиран негативен остров во регионот, никој нема да ги отвори границите, ниту од соседите за Македонија, затоа што има вакви бројки какви што има. На 2 милиони држава, на релативно мала територија, да не може власта да се избори со вирусот, само покажува за какво фијаско се работи, истакна Николоски.
За разлика од Македонија која што според него покажа тотално фијаско во справувањето со кризата, земјите од регионот како Словенија на пример која за девет дена има само пет нови дијагностицирани случаи на корона висрусот, а Хрватска пак за шест дена има само два случаи.
– Тоа не е само релативно да го гледаме во Македонија, туку кога ќе го споредите се со регионот бројките се јасни. На пример Словенија од 21 мај до денес, значи за девет дена, имаат само пет случаи, Хрватска од 24 мај до денс, за шест дена имаат само два случаи. Број на починати во Хрватска на еден милион жители е 25, во Словенија е 50, за жал во Македонија е 60. Македонија е на врвот и по број на луѓе кои што ја изгубија битката со корона вирусот и по бројот на ново заболени, апсолутно е на дното по бројот на тестирања, рече Николоски.
Овие тестирања на дневна основа кои што сега се прават се многу малку, вели Николоски и додава дека, ВМРО-ДПМНЕ цело време апелира дека треба да се зголеми брјот на тестирања.
– Овој е многу мал број на тестирања. Ние цело време апелиравме дека мора да се зголеми бројот на тестирања. Нашиот став од самиот почеток беше дека треба да се прават повеќе тестови, за жал, не се тестира сеуште доволно. Резултатите ги гледаме, бројките не можат да се скријат само прашањето е кога ќе излезат, дали порано или подоцна, реле Николоски.
Тој смета дека ако во Македонија се правеа многу повеќе тестови за дијагностицирање на корона, ќе се лоцираа многу побрзо жариштата при штоситуацијата немаше да ескалира и ќе можеше навремено да се интервенира.
– Разликата суштинска е ако се тестираше многу овие бројки немаше да стигнат, затоа што ќе се лоциреа многу побргу жариштата и ќе можеше во истите и да се интервенира, констатираше Николоски.