Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Тема на денот на телевизија Сител. Во контекст на утрешната лидерска средба, која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја најави во празничното интервју на 7 јануари, со што кажа дека ќе упати покани до политичките партии за истата, Николоски истакна дека нема да има фиксен дневен ред,  со цел да се остави простор секој од учесниците да покрене точки за кои што смета дека се значајни.

,,Ние сме спремни да дискутираме за секоја точка. Секако ќе имаме позиции и ставови по однос на секоја точка, но ниедна тема не ја отфрламе и сите теми којшто релевантните политички партии, кои што имаат свои пратенички групи, значи освоиле сериозен број на гласови, сметаат дека треба да се отворат сме спремни да ги разговараме. Дали ќе се договориме е комплетно друго прашање“, кажа Николоски и додаде:

,,Мислам дека е добро што ќе присуствува ДУИ, и ова е тоа што ние сакаме да го постигнеме. Да седнат најрелевантните политички партии и да разговараат. СДС останува изолирана, деструктивна, имаат се уште време да го променат ставот до утре до 14:00 часот, се надевам дека ќе го променат“.