Тоа што ветивме ќе реализираме. Денеска ги обезбедив првите 12 милиони евра за локални улици за општините, до крај на месецот со ребаланост ќе обезбедиме уште 88 милиони евра за капитални проекти, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата “За или Против” на телевизија Алфа.
Тој потенцираше дека ова е дел од пакетот помош за општините од 100 милиони евра, финансиска мерка што беше ветена на општините, а веќе планирана да се реализира со ребалансот кој се очекува овој месец да се изгласа во Собранието.
“Ќе реализираме тоа што го ветивме. И покрај дупката во Буџетот почнуваме со релизација на проектите што ги ветувавме. Следаната година ќе креираме сами буџет и ќе можеме да ги реализираме политиките што ги ветивме. Но и оваа година во вакви тешки услови почнуваме со реализација. Јавноста знае дека донесовме одлука за зголемување на пензиите за 5 илјади денари линеарно. 12 милиони евра денеска обезбедив за изгрaдба и реконструкција на локaлни улици и патишта, проект што го работиме преку Светска банка, а и останатите ќе ги обезбедиме со ребалансот така што општините до крај на годината ќе имаат на располагање стотина милиони евра за капитални пректи,” изјави министерот Николоски.
На прашање за изградба на пругата кон Бугарија, тој потенцираше дека не е против изградба на пруга на Коридор 10, но како што рече, изградбата на пругата е незивесна бидејќи се соочува со бројни проблеми.
“ Јас нема да дозволам да се трошат толку пари за нешто што нема да се користи. Не треба да инвестираме во пруга каде возовите немa да можат да се движат повеќе од 60 километри на час. Вториот проблем е што пругата не е до крај испоректирана, не знаеме дали Бугарите ќе го изградат својот дел од пругата. Најголем проблем е што границата треба да се премости со тунел кој е испроектиран само до пола. За мене најкористен проект за Македонија е изградба на брза пруга од Скопје до Солун која треба да оперира со 200 километри на час за патници и до 160 километри на час за карго превоз. Тоа значи дека низ Македонија да оди целиот товар кој би се превезувал до Централна Европа, а патувањето од Скопје до Солун да биде до 1 час и 15 минути. Но таа пруга продолжува на север кон Ниш, Белгард, Нови Сад, Суботица и Будимпешта и треба да биде главниот крвоток на Централна Европа. Со тоа Македонија би ја вратила својата клучна позиција на Балканот, истакна Николоски.
Тој најави дека оваа година ќе биде завршена изградбата на прва и втора фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, како и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка.