Во Охрид утрово лидерот на партијата, Христијан Мицкоски заедно со челните луѓе од оваа партија меѓу кои и новиот министер за транспорт, Александар Николоски ги најави низата проекти.
Освен Николоски и Мицкоски присуствуваа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Александар Николоски најави дека во Охрид следуваат низа проекти.
-Во Охрид многу проекти од повеќе области! Камен темелник на спортска сала во Лескоец. Реконструкција на улицата 7ми ноември. Изградба на детско игралиште во населбата Видобишта. Увид во активностите и состојбата созатворениот базен во Охрид. Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во сите области, ќе направиме многу!, пишува Николоски на својот профил.
Потпретседателот на оваа партија и минситер за транспорт, Александар Николоски претходно најави и реализација на клучниот проект за овој град, односно автопатот на релација Кичево – Охрид. Николоски потенцираше дека ќе биде готов до крајот на 2026 година.