НИКОЛОСКИ: При ваква корупција во Македонија, никој од ЕУ нема намера да ја притиска Бугарија

/ 09.12.2021

Македонија е блокирана од најслабата членка на ЕУ, Бугарија. Најголемата грешка на владата на Заев е Македонија и Албанија да влезат заедно во ЕУ, четворица луѓе биле на маса кога се договарало тоа, а еден од нив ми кажа. Првата причина зошто има скепса за Македонија е групата со Албанија, а втората е корупцијата, има широко распространета корупција и затоа не ја притискаат Бугарија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостувањето на телевизија Алфа.

Тоа е лошо за Македонија, додаде Николоски, но таа е вистината.

„Македонија е заложник на лошите политики на Заев и распространетата корупција и криминал во земјава. Ова ниво на светс што се покажа на локалните избори да беше и лани на изборите и да имаше влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе сменевме нешто“, рече Николоски.

Според него СДСМ и Заев не се заинтересирани за Македонија.

„Тие од сабајле излегуваат на телевизиии и зборат за ЕУ, и седнуваат на ручек и зборуваат за криминал и повторно исто, така изгледа нивниот работен ден“, рече Николоски.

Артан Груби зборува за француски врски и датум за преговори, Никола Димитров вели да не шириме лажен оптимизам, а Бујар Османи молчи. Ова е несериозно, а несериозно е веќе и да се коментираат овие луѓе, додаде тој.

Скептичен сум во однос на капацитетите за формирање тим, еве и да се склопи, вели тој, но што ќе се понуди на маса.

„Што ќе понуди оваа влада закон за марихуана, тендер за РЕК Битола, еве сега ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници кои гледаат дека нема општина каде нема криминал“, рече Николоски.

Според него однесувањето на функционерите на СДСМ се сведува на јадење по кафани и местење тендери.

„Еве денес на Советот на Град Скопје се зборуваше за состојбите во јавните претпријатија, општините. За состојбите во Дрисла, Водовод, ревизорска куќа ќе го разгледува работењето на претходникот во Кисела Вода, тоа треба и во други општини, во Штип јавните претпријатија заглавени долгови. Но, за сето ова ќе си одговараат затоа што трошеле пари на граѓаните“, рече Николоски.

Корумпирани се сите структури и во министерствата.

„Граѓаните го гледаат секој ден ова и знаат дека за се им се бараат пари“, вели Николоски.


Од истата категорија