После недела дена јавен притисок Зоран Заев само го потврди тоа што јас цело време го тврдам – пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема, порачува Александар Николоски, откако Заев на ФБ напиша дека случајот го пријавил на 22 април.

-Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата! Нагласувам, согласно Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка, мора да има записник или службена белешка од пријавата, истата треба да е потпишана од Заев како пријавител и надлежен обвинител. Од истата Заев како пријавител би требало да добие копија. Може ли да ја видиме пријавата ? Очигледно не може зашто ја нема. Разговор со обвинител на улица или во нечиј кабинет не е пријава. Се знае како се пријавува и се знае како е процедурата јасно согласно Законот за кривична постапка. Се распрснува уште еден меур на лаги, исто како што денес се распрсна тоа дека Боки 13 нема ништо со СДСМ. Имал и тоа многу ете дома му биле на гости цело раковоство на СДСМ од Шекеринска, преку Филипче, до Градоначалникот на Карпош и многу останати. Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13, порачува Николоски.