Откако Владата ги потврди моите наводи дека доколку не се воведе 60 часовна работна недела Македонија ќе плаќа огромни пенали или „дополнителни трошоци за изведба“ како што ги нарекува Владата, би сакал со јавноста да го споделам документот во кој се наведени пеналите/трошоците кои ќе ги платат сите граѓани: минимум 53 милиони евра еднократно, 2 165 000 евра секој месец!, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 ДЕНА по потпишување на договорот со Бехтел и Енка!
Исто така пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра ЌЕ СЕ ПЛАТИ!
Договорот Влада – Бехтел и Енка беше потпишан на 8ми март, а 45 дена поминуваат на 22ри април! Тоа значи дека на 23ти април сите граѓани на Македонија ЗА НИШТО ќе треба да платат 53 МИЛИОНИ ЕВРА!
Ова не е само основ за ОСТАВКА на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не им бегаат!, пишува Николоски на Фејсбук.