Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека утре, 12 февруари, Собранието мора да се распушти, а секое одложување ќе претставува прекршување на договорот постигнат на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, но и прекршување на Уставот.
„Собранието треба да се распушти на 60 дена пред изборите закажани на 12 април. Поднесовме иницијатива за распуштање како пратеничка група и жестоко ќе се бориме тоа да се испочитува“, истакна Николоски на Алфа.
Потпретседателот на најголемата опозициона партија му препорача на спикерот Талат Џафери да се држи до роковите:
– 60 дена не се ни 55 ни 58 туку се 60“ рече Николовски, според кој повикувањето на Џафери на консултации со ДИК не е релевентно бидејќи не Државната изборна комисија туку Собранието дредува кога се распушта парламентот и кога се закажуваат избори.
Николоски смета дрка ова најавено одложување на распуштањето на Собранието е поради тоа што Зоран Заев, како што рече, немал обезбедено двотретинско мнозинство за да се изгласа Законот за Јавното обвинителство.