Граѓаните ми поставуваат неколку едноставни прашања седој ден, ќе набројам неколку, првото е каде се парите, второ, зошто Македонија не се градат автопати, железници, нови згради на аеродромските терминали, и трето, зошто запреа проектите кои претходно постоеа како изградба на железница кон Бугарија, изградба на автопат од Куманово до бугарска граница итн. Ова се прашањата кои секој ден ги поставуваат граѓаните, рече пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на која се расправаше за ребаланс на Буџетот.

Според него има неколку работи кои треба да ги дискутираме како на пример приходи на Буџетот, потоа расходите или она што го троши Заев и владата, и трето, разликата помеѓу приходи и расходи зошто владата секогаш троши повеќе од што собира.

-Вкупните приходи од вториот ребаланс, зошто ова е втор ребаланс се на проектирано највисоко ниво на независна Македонија и истите се некаде околу 3 милијарди и 191 милион евра. Она што е интересно е што во проекциите на владата и во овој втор ребаланс приходите се исти што се поставува прашање дали е реално? Затоа што приходите се намалени во однос на иницијалниот план, поради корона кризата, за 423 милиоми евра. Но, она што е значајно е дека се придвидува дека во 4 квартал треба да се соберат околу милијарда евра од граѓаните што треба да е развој за 6,3 проценти во однос на истите месеци од минатата година. Или да поедноставам за граѓаните за 6,3 проценти треба да се соберат повеќе пари минатата година во услови кога минатат година немаше криза. Веројатно тоа нема да се случи и во тие услови дефицитот ќе биде далеку поголем од проектираниот, укажа Николоски.

<