Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку видео порака на Фејсбук го честиташе најголемиот православен празник Велигден.
-Велигден е ден за нашите семејства, за нашите најблиски, ден за сите нас. За жал овој Велигден Македонија го дочекува во тешка здравствена и економска криза.
Јас сум сигурен дека Македонија ќе победи, вие ќе победите, сите ние заедно ќе победиме и поубави денови ќе дојдат за Македонија! Да сте живи и здрави. Христос Воскресе!, стои во неговиот пост на Фејсбук.