Александар НИКОЛОСКИ на протестот во Кавадарци:
Добро вечер за Кавадарци,
Добро вечер за Росоман
Добро вечер за сите кои што сте тука присутни, благодарам на поддршката и на присуството.
Еве повторно, за жал Македонија се наоѓа пред големи и тешки предизвици. Предизвици за кои што вие се сеќавате зборувавме и во текот на изборите, за работи за кои што предупредувавме. Благодарам на поддршката на сите на кои што не поддржаа и еден апел да размислат тие кои што не не поддржаа за она што го зборувавме во изборите затоа што за жал тоа сега се слуучува со оваа старо ново коалиција, коалиција на лагата и криминалот, коалиција на СДСМ и ДУИ. А тоа економско опустошување на Македонија и национално понижување.
Благодарам на сите што дојдовте да не поддржите во едни вакви тешки услови на корона криза почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето и посакувам добро здравје и брзо закрепнување на сите кои што се борат со короната.
Македонија во моментот ја живее својата најголема криза од самостојноста до денес. Соочена е со здравствена криза и со економска криза заради корона кризата и соочена е со криза во европските интеграции и односите со Бугарија.
Ваква криза државата не памети од својата независност до денес. Ваква криза можат да ја решат само најголемите умови кои што оваа држава ги има, најдобрите, патриоти, чесните синови и ќерки на оваа Македонија.
И затоа оттука од Кавадарци, од пред оваа прекрасна црква тука Св. Петка повикувам денес, сега за да не е предоцна оставка на Заев за слобода на народот. Оставка на Заев за ден поскоро оваа влада да замине.
Да се формира влада на национално единство подржана од сите политички партии која што ќе ги реши овие три проблеми и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори на кои што ќе се случи промената во Македонија.
Предвремени парламентарни избори за зачувување на македонското национално достоинство, предвремени парламентари избори за зачувување на посебноста на македонскиот народ. Предвремени парламентарни избори за зачувување на посебноста на македонскиот јазик. Предвремени парламентарни избори за зачувување на посебноста на македоснката култура, и предвремени парламентарни избори за зачувување на македонската самобитност.
Македонската држава и македонскиот народ имаат јасен политички и општествен континуитет. Почнувајќи од преродбениците во 19тиот век, преку востанијата кои што се воделе на македонска почва, крунисувајќи ги со Илинденското востание, борбите во младо турската револуција, борбите во Првата и во Втората Балканса војна, познатото Тиквешко востание кое што се случува во овј регион, Охридското и Дебарско востание и останатите кои што се реакција на поделбата на Македонија со Балканските војни, борбата во Првата Светска војна, практично револуцијата која што се случува на терторија на цела Македонија помеѓу двете светски војни и круна антифашистичката борба во која што не случајно беше одбрано токму 2ри Август Илинден да е денот на кој што ќе одржи првото заседание на АСНОМ како јасен политички континуитет на Илинденското востание и во која што антифашистичка борба, Македонските партизански одреди не случајно ги носеа имињата на најголемите илинденци и членови на ВМРО со цел да се покаже тој континуитет. А исто така еден од врвните водачи беше водачот на ВМРО обединета Димитар Влахов кој што победеносно влезе во Скопје заедно со Методија Андонов Ченто и со Михајло Апостолски генералот и душата на македонските партизански одреди.
И финално, борбата за своја самостојност и независност која што беше крунисана со референдумот на 8ми Септември 1991 година.
Тоа е континуитетот на македонската борба за самостојност и за државност.
Тоа е континуитетот на борбата на македонскиот народ на која што еден предавник, еден трговец, еден бандит како Зоран Заев нема да стави крај, а уште помалку ќе го уништи и во тоа сум убеден, во тоа сум сигурен.
Крајот ќе му додјде многу побрзо отколку што мисли затоа што со него е завршно. Политичката кариера му е пред крај.
Најавувам вечерва од тука од Кавадарци, на навршувањето на 100 дена од формирање на оваа старо нова коалиција на криминалот и лагата поднесуваме барање за изгласување на недоверба на владата на Зоран Заев и сум убеден дека ќе има барем неколку пратеници од владејачката коалиција кои што не се согласуваат со ова национално предавство, кое што заедно со нас и со останатата опозиција ќе изгласаат недоверба на владата на Зоран Заев со цел формирање на влада за национално единство и национален спас која што треба да из извлече Македонија од оваа голема криза.
Убеден сум во тоа, благодарам на поддршката, да сме бројни, да не има, да не гледа народот, да ги храбриме сите да не поддржат да ни приклуучат, ова е надпартиска работа, ова е македонска работа, ова е работа за сите македонци, за да си ја зачуваме Македонија.
Да сте здрави и живи.
Да живее Кавадарци.
Да живее Македонија.