НИКОЛОСКИ: Владата на Заев не барала раздвојување на Македонија од пакетот со Албанија

/ 15.10.2019

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју за порталот Лидер.мк, ешудругото истакна и дека  при средба со еден министер за европски прашања од голема европска држава му било кажано дека владата на СДСМ и Заев не бара од Европската Унија раздвојување на пакетот на Македонија од истиот пакет со Република Албанија.

-Во петокот имав состанок со еден министер за европски прашања на една од најголемите држави во Европската Унија со кого и Бујар Османи имаше средба. Го прашав директно што мисли за раздвојување на Македонија и Албанија за почеток на преговорите, рече нашата држава е против.  Јас му велам добро, дали било кој од македонската влада  барал од вас раздвојување, ми одговори не, вели потпретседателот Николоски .

Тој смета дека доколку Владата на СДСМ била паметна влада ќе лобирала цела година во европските држави и ќе барала одвојување од истиот пакет со Албанија, додавајќи дека само поради неспроведување на реформи, криминалот и корупцијата Македонија се наоѓа тука каде што е во моментот.

-Паметна влада, лани кога се создаде групата и кога Македонија и покрај тоа што Заев потпиша на 17 јуни промена на име, а веќе на 29 јуни Европската Унија му кажа нема датум за преговори, тие година дена ќе ги искористеше за лобирање, од авион немаше да слезе од главен град во главен град да бара државата да се одвои и да бара листа што треба реформи да направи за оваа година да добие датум. Но, наместо тоа тие останаа да се корумпираат дома и да бараат милиони евра и затоа сме овде каде што сме, нагласи Николоски


Од истата категорија