Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи објави видео во кое може да погледнете дел од неговите најзначајни интервјуа, дуели, изјави и средби во 2018 година во, како што вели, битката против националното и економско уништување на Македонија.
-Почитувани пријатели, позади нас е најлошата година за Република Македонија. Година во која што Власта реши да го промени името на државата, да го избрише македонскиот национален идентитет и економски да ја уништи државата. Погледнете дел од битката против сето ова, стои во објавата на Николоски.
Во 2019 година заедно ќе се бориме, и ќе успееме затоа што победата е пред нас! Ви посакувам убави празници, многу мир и благосостојба. Нека е поубава 2019 година!