Средби и дијалог со експерти и функционери за иднината на проширувањето на ЕУ
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски учествуваше во Брисел на настан организиран од влијателната тинк-тенк организација Friends of Europe, посветен на темата за проширување на Европската Унија.
„Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија“, истакна Николоски на социјалните мрежи, нагласувајќи дека активностите имаат за цел унапредување на билатералната и европската соработка.
Настанот ги собра претставниците на земјите од Западен Балкан и високите функционери од ЕУ за да разговараат за актуелните геополитички, безбедносни и економски прашања во Европа.




