Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.
Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас.
Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.