До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании Денеска го означуваме почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски.

„Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути“, истакна Николоски.