Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Трилинг“ истакна дека во однос на иницијативата на „МК Мериот“ е со цел да му одработи на Зоран Заев и СДСМ, како и дека истите немаат збор кажано против Зоран Заев, а бараат да ја водат најголемата опозициска партија.
– Во однос на оваа коалиција која ја споменав или популарно во јавноста позната како „МК Мериот“, а во врска со нивната иницијатива, би сакал две работи да кажам. Прво, јас лично почитувам различно мислење и сум познат во партијата како човек кој имал и има различно мислење од она што се одлуки на партијата и тоа многу добро го знаат овие кои се сега „МК Мериот“ затоа што сум имал спротивни мислења од нив, кога тие биле дел од раководството на партијата, вели Николоски.
Во однос на судството, Николоски дека голем дел од судиите носат одлуки врз основа на претпоставка и самите имаат автоцензура. Потенцира дека оние членови од ВМРО-ДПМНЕ кои ја залоупотребувале позицијата, сега се во коалиција со Заев, како што се нарекува Мериот коалиција.
Прашан за договорот со Бугарија, тој изјави:
„Структурата на договорот е кога ќе кога го потпишувате, да бидете свесни со кого го потпишувате. Бугарските политичари отсекогаш биле вакви, тоа е нивната политика и во такви услови, треба да размислите како тоа ќе излезе во пракса. Според мене најголема грешка во договорот е што нема никакви заштитни механизми и клаузули во договорот, не е предвидена никаква арбитража. Како врв на договорот се става работата на историската комисија, да на Балкан се согласите иднината на вашата држава зависи од разговорите, а тоа е политички аматеризам или скриена агенда“, вели Николоски.
Тој потенцираше дека немаме заедничка историја со Бугарија, и себеси се смета за одличен познавач на историјата. Потенцираше дека името на ВМРО не може никој да го одземе, како што се закануваше Каракачанов. Ако, се видат клучните разлики меѓу него и ВМРО и она ВМРО кое тој го предводи, се гледа разликата меѓу Бугарија и Македонија, вели Николоски.